Океан (од старогрчки: Ὠκεανὸς, „Океанос“[1]) — голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата (~3,61 × 1014 м2) е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.
Геолошки, океанот е област од океанска кора покриена со вода. Океанска кора е тенкиот слој од стврднат вулкански базалт кој ја покрива Земјината површина каде нема континенти. Од овој аспект, денес постојат три „океани“: Светскиот Океан, Црното и Касписко море, кои се формирале со колизија на Цимерија со Лавразија. Средоземното Море е скоро свој „океан“, поврзано со Светскиот Океан преку Гибралтарскиот Теснец, и повеќепати во последните неколку милиони години движењето на Африканскиот континент го затворило теснецот целосно, правеќи го Средоземното Море четврт „океан“.[2]
Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони км2, волумен од 1.340 милиони км2, а просечната длабочина е 3.711 метри. Скоро половина од светските води се длабоки над 3.000 метри. Ова не вклучува мориња кои не се поврзани со Светскиот Океан, како Каспиското Море. Вкупната маса на хидросферата е скоро 1.4 × 1021 kg, ca. 0.023 % од вкупната Земјина маса.
Океанот како тема во уметноста и во популарната култура
„Загледан во океанот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[3]
„Океан“ (англиски: Ocean) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1984 година.[4]
„Океан“ (англиски: The Ocean) — песна на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.[5]
„Океан“ — песна на српската рок-група Луна од 1984 година.[6]
„Океани“ (англиски: Oceans) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1991 година.[7]
„Океан“ (англиски: Ocean) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1972 година.[8]
„Големина на океан“ (англиски: Ocean Size) - песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[9]