Вавилонска поделбаВавилонската поделба била поделба на Македонската империја на сатрапии, односно именување на нови сатрапи кое настанало после смртта на Александар во 323 п.н.е. Поделбата претставува своевидна спогодна помеѓу неговите генерали, односно наследниците подоцна познати како дијадоси, кои биле собрани на посмртната постела на Александар. Пред оваа поделба прашањето за наследство над престолот привремено било решено со компромис кој Евмен го направил помеѓу двете фракции
Било договорено Аридеј да стане кал под името Филип III, но престолот ќе мора да го дели со детето на Роксана ако биде син (кој се родил и го добил името Александар IV). Додека не нарасте синот, како регент во негово име ќе владее Пердика. Ваквата спогодба де факто на Пердика му овозможило да стане наследник и господар на империјата. Тој тоа и го искористил, го наговорил слабоумниот Филип да му дозволи ликвидација на Мелеагер и неговите поддржувачи. После тоа Пердика започнал со поделба на сатрапиите на Александровите генерали, при што настојувал пред сè да си ја осигура својата позиција. ПоделбаПердика при поделбата воглавно ја зачувал како целина дотогашната ахаменидска поделба на империјата, а од практични причини не се мешал во кадровските решенија кои ги направил Александар во источните делови од империјата. Најважна одлука секако била поделбата на сатрапијата Медија, која имала најголема стратешка важност поради патиштата кои поминувале низ неа и го поврзувале источниот и западниот дел на империјата. Пердика сметал дека Медија не смее да ја добие на управување само еден сатрап, бидејќи тој би станал премногу можен. Затоа Медија била поделена на Голема и Мала Медија, и соодветно добила свои саттрапи. Европа
Мала Азија
АфрикаЗападна Азија
Централан Азија
ПоследнициСамо две години подоцна, била направена нова поделба во Трипарадис на империјата, сепак одлуките во Вавуилон имале далекусежни последици. Пред се, долуката Египет да се препушти на Птоломеј овозможила таа област прва да се осамостои, односно како Птоломејски Египет или Птоломејско Кралство да стане голема сила и едно од најважните културни центри во антиичкиот свет, односно подоцна и најдолговечна држава наследничка на Македонската империја. Поделбата на мала и голема Медија, исто така било можност овој дел на империјата да се осамостои, овој пат под власт на лкалниот владетел Атропат кој постепено ги обновил зороастриските традиции, но и создал област со посебен идентитет од кој потекнува современиот Азербејџан. Преглед
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia