Трипарадиска поделба
Трипарадиската поделба бил договор склучен во Трипарадис во 321 п.н.е. помеѓу генералите (дијадоси) во војската на Александар Македонски, во кој тие определиле нов регент и ја договориле поделбата на нивните сатрапии. Тие ја имале предвид како основа Вавилонската поделба направена во 323 п.н.е. ведаш после смртта на Александар Македонски и истата само ја преуредиле. ПричиниПосле смртта на Александар Македонски во 323 п.н.е., владеењето со империјата му било препуштено на неговиот полубрат Филип Аридеј и сѐ уште неродениот син Александар IV во бракот со Роксана. Меѓутоа, бидејќи Филип бил ментално болен а Александар IV сѐ уште не е роден, бил именуван регент на империјата. За регент бил избран Пердика. Во исто време поранешните генерали биле именувани за сатрапи на различни региони од Македонската Империја. Неколку сатрапи биле лакоми да завладеат поголеми делови од империјата и кога Птоломеј, сатрап на Египет, се побунил заедно со уште неколку други генерали, Пердика на тоа се спротивставил, што било повод да започне првата војна на дијадосите. Пердика бил убиен од некој предавник во неговите редови. Птоломеј не го прифатил регенството, а барал да се додели на Пејтон и Архидеј. Овој предлог наишол на силно спротивставување од страна на Евридика, жената на Филип III, што довело до свикување на состанок во 321 п.н.е. во Трипарадис на сите дијадоси. За регент бил поставен Антипатар и се направила нова поделба на империјата. ДоговорАријан го опишал резултатот од оваа средба во Настани после Александар, кој бил пренесен до нас преку византискиот патријарх Фотиј (820-897): „Тогаш и таму Антипатар направи нова поделба на Азија, со која делумно ги потврди поранешните а делумна ги анулира, во согласност со постоењето на потребните работи. На прво место за, Египет со Либија, и сите други простори околу нив, и за се друго потребно за западните простори, тој го задолжи Птоломеј I Сотер;
Антиген бил заеднички оспорен од племињата во провинцијата Суза, од кои три илјади од нив Македонци кои биле најподготвени да се побунат. Уште повеќе, тој го определил Аутоликиј синот на Агатокле, Аминта синот на Александар и братот на Peucestas, Птоломеј синот на Птоломеј, и Александар синот на Полиперхон, како гарда да ги штитат припадниците на кралското семејство. На неговиот син Касандар тој му ја дал командата на коњаницата; а на Антигон, трупите кои претходно ги раководел Пердика Кога завршил, Анитипатар заминал дома, многу поздравен од сите, за неговото умно и прудентно управување.“ Напореден преглед на поделбите
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia