Вакцина против голема кашлица
Вакцина против голема кашлица — вакцина која штити од голема кашлица (пертусис).[1][2] Постојат два главни типови на оваа вакцина: инактивирана вакцина која содржи цели клетки и ацелуларна.[1][2] Целоклеточната вакцина има ефикасност од околу 78%, додека ацелуларната од 71–85%.[1][3] Ефикасноста на вакцината се намалува помеѓу 2 и 10% секоја наредна година после вакцинирањето, при што тоа е поголемо кај ацелуларната вакцина.[1] Вакцината е единствено достапна во комбинација со тетанус и дифтерија вакцини.[1] Се смета дека вакцината против голема кашлица има спасено над 500.000 животи во 2002 година.[4] ПрепоракиВакцинирање на мајката за време на бременоста може да го заштити и бебето.[1] Светската здравстена организација и Центарот за контрола и превенција на болеста на САД препорачуваат сите деца да бидат вакцинирани за голема кашлица и оваа вакцина да биде вклучена во календарот за редовна имунизација.[1][5] Кај децата се препорачуваат три дози почнувајќи од шест неделна возраст.[1][2] Дополнителни дози може да се дадат кај поголеми деца и возрасни.[1] Тука спаѓаат и лица со ХИВ/СИДА.[1] БезбедностАцелуларните вакцини почесто се користат во развиените земји поради помалиот број на несакани ефекти.[1] Помеѓу 10 и 50% од лицата кои примиле целоклеточна вакцина развиваат црвенило на местото на инјектирање и треска.[1] Фебрилни конвулзии се јавуваат кај помалку од 1% од примателите.[1] Кај ацелуларната вакцина можна е кратка појава на оток на рамото.[1] Несаканите ефекти од двете типови на вакцини, а особено од целоклеточната, се поретки кај помали деца.[1] Целоклеточните вакцини не треба да се користат после седумгодишна возраст.[1] Сериозни долгорочни невролошки проблеми не се поврзани со двата типа на вакцина.[1] ИсторијаВакцината била разработена во 1926 година.[6] Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на СЗО.[7][8] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia