Вакцина![]() Вакцина или цепиво — биолошки препарат кој го зголемува имунитетот кон некоја болест. ВидовиОнеспособени вакциниВакцини добиени од цели микроорганизми кои се онеспособени по хемиски, топлински или на друг начин. Овие вакцини не можат да ја повратат својата вирулентност, но обезбедуваат послаб имун одговор, поради што е потребно ревакцинирање. Во оваа група спаѓаат вакцината за детска парализа, беснило, колера, инфлуенца. Атенуирани вакциниВакцини добиени од живи микроорганизми, кои се ослабени, најчесто со култивација во субоптимални услови (процес наречен атенуација) со што се намалува нивната способност да ја предизвикаат болеста. Несаканите ефекти се јавуваат кога ќе дојде до неконтролирано размножување на бактеријата од вакцината поради имунодефициенција. Токсоид вакциниТоксоид вакцините се добиени од онеспособени токсини од бактериите кои произведуваат токсини. Примери за вакви вакцини се вакцините за тетанус и дифтерија. Вакцини со подединициОвие вакцини се добиени од подединици на микроорганизмот кој ја предизвикува болеста, како што се специфични белковини и полисахариди. Историја![]() Првата откриена вакцина е вакцината против големи сипаници од страна на Едвард Џенер во 1796 година. Втората генерација на вакцини била воведена во 1880-тите од страна на Луј Пастер, кој ги развил вакцините за птичја колера и антракс. Вакцината како тема во уметноста
|
Portal di Ensiklopedia Dunia