Валкенрид
Валкенрид (германски: Walkenried) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на јужните падини на планинскиот масив Харц, околу 15 километри јужно од Браунлаге и 15 километри северозападно од Нордхаузен. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. ГеографијаМестоположбаВалкенрид се наоѓа на реката Вида. До повторното обединување на Германија, Валкенрид се наоѓал непосредно на внатрегерманската граница, која поминувала јужно и источно од општината. Валкенрид е призната воздушна бања. Соседни општини
ИсторијаСелото првпат е споменато во 1085 година. Било најпознато како средиште на Валкенридскиот манастир, третиот цистерцијански манастир основан на територијата на германското говорно подрачје, во 1227 година и секуларизиран во 1668 година. Моментално, манастирот е во руини и е прогласен за споменик на културата. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia