Валтер Баде
Вилхелм Хајнрих Валтер Баде (германски: Wilhelm Heinrich Walter Baade; 24 март 1893 – 25 јуни 1960) — германски астроном и астрофизичар. Живот и откритијаРоден е во Шретингхаузен, денес дел од Пројсиш Олдендорф во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Завршил училиште во 1912 г. Потоа студирал математика, физика и астрономија на универзитетите во Минстер и Гетинген. Докторирал во 1919 г. и се вработил во Хамбуршката опсерваторија, каде се задржал до 1931 г.[1] Таму во 1920 г. го открил 944 Идалго, првиот од класата астероиди денес наречана кентаури кои пресекуваат орбити на џиновски планети. Од 1931 до 1958 г. работел во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ во САД.[2] Таму за време на Втората светска војна го искористил ноќното ислучување на светлата (што го смалувало светлинско загадување) и така за првпат ги забележал ѕвездите во средиштето на галаксијата Андромеда. Овие набљудувања го навеле да определи одделни „населенија“ на ѕвезди (Население I и Население II). Во истата прилика заклучил дека постојат два вида на кефеидни ѕвезди. Со ова откритие направил своја пресметка на големината на познатата вселена, удвојувајќи ја величината позната од претходната пресметка на Едвин Хабл од 1929 г.[3][4][5] Во 1952 г. ги објавил своите заклучоци на собирот на Меѓународниот астрономски сојуз во Рим, на големо вчудовидување на присутните. Заедно со Фриц Цвики ги открил суперновите како нова категорија на астрономски тела.[6][7] Двајцата исто така го предложиле постоењето на неутронски ѕвезди, и дека тие настануваат од супернови.[8] Почнувајќи од 1952 г. заедно со Рудолф Минковски ги пронашле оптичките пандани на разните радиоизвори,[9] вклучувајќи го Лебед A. Открил 10 астероиди, меѓу кои и 944 Идалго, која има долг орбитален период; ова впрочем е првиот откриен кентаур, но кентаурите биле прифатени како одделна класа дури во 1977 г.); аполонскиот астероид 1566 Икар, чиј перихел е поблизок од Меркуровиот; и аморскиот астероид 1036 Ганимед. Признанија
Награди и почести
Наречено во негова чест
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia