Вангероге
Вангероге (германски: Wangerooge; во минатото и долногермански: Wangeroog) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Кон општината припаѓа и ненаселениот остров Минзенер Ог.[2] Островот се наоѓа во рамки на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Тој е најисточен од седумте населени Источнофризиски Острови и со површина од 7,94 километри квадратни втор најмал населен остров од групата. Единствен од Источнофризиските Острови не припаѓа на историската територија Источна Фризија, туку историски е дел на областа Јеферланд. Главна стопанска дејност на островот е туризмот, а на него се забранети возила. Исто така, островот е здравствена приморска бања. ГеографијаМестоположбаВангероге е германски остров во јужниот дел на Северното Море. Тој е најисточен од седумте населени Источнофризиски Острови. Островот се протега во насока исток-запад во должина од 8,5 километри. Во насоката север-југ максимално е широк 2,2 километри во западниот дел, додека во останатиот дел е широк 1,2 километри. Оддалеченоста од копното изнесува седум километри. Западно од Вангероге, одвоен од морски гат („морски проток“) наречен Харле, се наоѓа островот Шпикерог од кого е оддалечен два километри. Два километри југоисточно, одвоен од морски гат Блауе Балје, се наоѓа островот Минзенер Ог. На север се наоѓа плажа која е долга три километри и долга 100 метри. На исток се наоѓа поле со песочни наслаги во должина од три километри и широко 500 метри. На западниот дел од островот има уште две плажи долги половина километар и еден километар. Јужно од островот се наоѓа Ваденското Море, кое како и самиот остров припаѓа на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Највисока точка на островот е една дина со височина од 17 метри; на нејзе во 1990 година е направена платформа за набљудување. Останатите дини достигнуваат височина до 12 метри. ПовршинаСо површина од 7,94 квадратни километри (2008), Вангероге е втор најмал остров од населените ИсточноФризиски Острови по Балтрум, иако според некои податоци може да е и поголем. Поголемата бројка ја вклучува и површината на плажите, кои лежат под линијата на средната плимна поплава. Овие подрачја обично се потопувани од Северното Море и затоа не се сметаат за копно. НаселениеБројката за население се засновува на последниот попис од 25 мај 1987 година, кога на островот живееле 868 жители. Оваа бројка морала да биде поправена со пописот од 2011 година: на 9 мај 2011 година на островот имало 1.278 жители[3] или 1.311 жители.[4][5] Невообичаената голема корекција била највисока таква во Германија за општина од оваа големина. Повисоки коректурни вредности имало само во пет други помали општини.[6] ПејзажиВангероге се состои од следниве пејзажи:
Во западниот дел на Аусенгроден се наоѓа солено езеро, наречено „Лагуна“. Тоа настанало во 1912 година кога се правела брана. Плиткото езеро станало важна станица за птиците. Во минатото, калливиот морски брег помеѓу островот и копното бил порамен. Веќе во XV век е известувано дека грофот Тано Дурен доаѓал на островот со коњска кола. Во XVIII век постоел пат помеѓу Минзен и Вангероге.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia