Шортенс
Шортенс (германски: Schortens) — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Шортенс станал град во 2005 година и сега е втор најголем град по Фарел во округот.[2] ГеографијаШортенс се наоѓа во областа Јеферланд на Источнофризискиот Полуостров, на раб на мочуриште. Соседни општиниШортенс на северозапад се граничи со Јефер, на север со општината Вангерланд, на исток со слободниот град Вилхелмсхафен, на југ со општината Занде и на југозапад со општината Фридебург, која припаѓа на округот Витмунд. Градски единициГрадот се состои од дванаесет градски единици: Шортенс, Хајдмиле, Графшафт, Акум, Зиленштеде, Шост, Рофхаузен, Миделсфер, Адернхаузен, Естрингфелде, Остим и Упјефер. Местата Шортенс, Хајдмиле, Естрингфелде и Остим го образуваат градското јадро од околу 13.000 жители. КлимаШортенс е под влијание на Северното Море. ИсторијаГробови откриени при ископувања во 1970-тите години означуваат постоење на рани човечки населби во областа на Шортенс уште во V век.[3] Во 1158 година, Шортенс бил првпат споменат како „Скротин“ во документ од папата Адријан IV. Подоцна, името било променето во „Скротинге“. Во 1400 година, местото било наречено „Шортензе“.[4] Црквата „Св. Стефан“ во Шортенс била изградена по 1153 година како последица на победата на Естрингер.[5] Во средниот век, манастирот Естрингфелде бил познат по одгледување на коњи. Во текот на втората половина на 1900-тите, поморската база Вилхелмсхафен придонела силно кон развој на градот. Многу работници се населиле во идниот град Шортенс, а железничката линија до Јефер, воспоставена во 1871 година, исто така придонела за развој на градот. По крајот на Втората светска војна, производството на воени бродови престанала и скокнала стапката на невработеност. Од 1946 година, бран на бегалци од поранешните германски територии го зголемиле населението. Во 1936 година била отворена воздухопловната база Упјефер, која и денес се користи. Шортенс добил градски права на 21 јануари 2005 година. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[6] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[7]
ГрадоначалникМоментален градоначалник на Шортенс е независниот Герхард Белинг. Збратимени градовиШортенс е збратимен со следниве градови: Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia