Занде (Фризија)За други истоимени места, погледајте Занде.
Занде (германски: Sande) — општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу Јадскиот Залив, околу 7 километри западно од Вилхелмсхафен и 12 километри југоисточно од Јефер. ГеографијаМестоположбаЛогото на Занде е „во средина на Фризија - живот помеѓу гест и море“. Занде се наоѓа на работ од Јеферланд и 7 километри западно од градот Вилхелмсхафен. Соседни општиниОпштината Занде се граничи на север со градот Шортенс, на североисток со слободниот град Вилхелмсхафен, на југ со општината Цетел и на запад со општината Фридебург. Општински единициОпштината Занде се состои од пет места: Занде, Нојштатгеденс, Сесилиенгроден, Мариензил и Дикхаузен.[2] Областа на поранешната општина Геденс - Алтгеденс, Дикхаузен, Геденс и Нојштатгеденс - пред општинската реформа во 1972 година припаѓала на округот Витмунд и со тоа на Источна Фризија. СообраќајНиз Занде поминува железничката линија, која ги поврзува Олденбург и Вилхелмсхафен и Езенс. Се планира заобиколница со цел планираниот железнички сообраќај од и до пристаништето ЈадеВезерПорт да не поминува низ средиштето на Занде.[3] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia