Ванилин шеќер![]() Ванилин шеќер[1][2] (германски: Vanillezucker, полски: Cukier waniliowy, унгарски: Vaníliás cukor, шведски: Vaniljsocker, српски: Ванилин шећер) — често користена состојка во многу европски десерти. Ванилин шеќерот се прави од шеќер и зрна ванила, или шеќер измешан со екстракт од ванила (во сооднос од две чаши шеќер со една кафена лажичка екстракт).[3] Спакуван ванилин шеќер може да биде скап и тешко да се најде вон Европа, но може да се направи дома. Понекогаш може да се замени со екстракт од ванила, каде една кафена лажичка е еднаква на едно пакување. Меѓутоа, кога е потребен како прелив, екстрактот од ванила е несоодветен. Ванилин шеќерот може да се подготви со комбинирање на 400 гр (2 чаши) бел шеќер со изгребани семки од едно зрно ванила. Може да се направи и со додавање на 1 до 2 цели зрна ванила во херметички затворена тегла со 200 до 400 гр (1 до 2 чаши) бел шеќер и стареење на смесата две недели. Шеќерот може да се заменува како што се користи.[4] Достапен е и поевтин ванилин шеќер, направен само од шеќер и ванилин. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia