Вајгач
Одделен е од Југорскиот Полуостров на копното со Југорскиот Теснец, и од Нова Земја протокот Карска Врата. Островот административно влегува во состав на Ненецкиот автономен округ во состав на Архангелската област, Русија.
Островот геолошки се состои претежно од агрилитни шкрилци, песочник и варовник. Има многу реки, долги по 20-40 км, мочуришта и помали езера. Во пределите преовладува тундрата, а долж подолгата страна се издигаат мали карпести сртови, наместа со ниски карпести возивишенија. На карпите често се забележува мраз, кој е веројатно морски, а не леднички. Денес е населено само местото Варнек (106 жители).[1] Флора и фаунаВајгач изобилува со треви, мовови и арктички ветни растенија. Нема дрвја, освен по некоја џуџеста врба. Повремено се забележуваат лисици и леминзи. Многу позастапени се птиците, како што се of патките и блатните кокошки по мочуриштата и езерата. Природен резерватВо 2007 г, Светскиот фонд за природа (WWF) и владата на Русија одвоиле дел од островот како природен резерват.[2] Водите околу островот се живеалиште на разни морски животни како моржови, фоки и загрозени китови. ЕтнографијаСè до XIX век, островот претставувал важно светилиште за домородните Ненци и на него стоела култна статуетка на бог со повеќе глави, обоена со крв од свети животни, претежно од ирваси. На него имало жртени клади од пловно дрво, еленски рогови и черепи од мечки и елени. И покрај тоа што денес се православни, Ненците сè уште негуваат вакви суеверни верувања. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia