Велгошки манастир „Св. Илија“
Велгошки манастир „Св. Илија“ — манастир во југозападна Македонија, во близина на селото Велгошти. МестоположбаМанастирот се наоѓа над селото Велгошти. До неговите порти води асфалтиран пат. ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, спомен-куќа, спомен-чешма, помошни објекти и трпезарија. Црква „Св. Илија“Црквата била подигната во 1937 година и истата била значително обновена во 1970 година. За истата се верува дека е подигната на темели на постара градба. Други објектиМештаните имаат подигната спомен-куќа и спомен-чешма во рамки на манастирот.[1] Овие два објекти биле подигнати во чест на бурните моменти случени во близината на манастирот над селото Велгошти во текот на 1940-тите години. Тогаш имало судири помеѓу мештаните и жители од Охрид со српската жандармерија и со бугарската фашистичка војска.[1] СобириСекоја година, манастирот организира општонароден собир на празникот Ѓурѓовден и на празникот Илинден. На првиот празник доаѓаат мештаните, додека на вториот празник покрај мештаните, на излет доаѓаат многу други гости.[1] Галерија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia