Црква „Св. Илија“ - Велгошти
Свети Илија — манастирска црква на Велгошкиот манастир „Св. Илија“ во охридското село Велгошти.[1] МестоположбаЦрквата е сместена над селото Велгошти.[2] Се наоѓа на околу 1 километар североисточно од селото на една висорамнина.[3] ИсторијаЦрквата била изградена во 1937 година. Истата била возобновена во 1970 година.[4] Над вратата од внатрешната страна на црквата е забележано следново:[3] „По иницијатива на покојнија Алексо Стефанов Шокаров од село Велгоште подагнат је овај храм во 1937 година, а по иницијатива на сегашнија енориски свештеник во село Велгоште Леонид Јованов Трпенов изработени се: иконостасот живописот на иконостасот и живописот на црковниот ѕид во 1946 година“. Црквата била подигната на темели на постара црква, која ја имала скоро истата големина.[3] АрхитектураФрескоживописЦрквата добила фрескоживопис и иконостас во 1946 година од страна на зографот Рафе Крстов Коловски од селото Лазарополе.[4] Во 1970 година, добила нов фрескоживоп од уметникот Марјан Ристески од село Велгошти.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia