Венетски јазик
Венетскиот е исчезнат индоевропски јазик што бил зборуван во античките времиња во северна Италија поточно во областа Венето и денешна Словенија[2][3][4]. Јазикот е зачуван во писмена форма на околу 300 натписи што датираат од 6 век п.н.е. па сè до 1 век. Луѓето што го зборувале јазикот се нарекувале Венети од страна на Римјаните и Грците. Јазикот тотално се изгубил со освојувањето на територијата од страна на Римското Царство. Лингвистичка класификација![]() Венетскиот е кентумски јазик. Натписите користат северноиталско писмо, кое е слично на етрурската азбука. Точниот однос на венетскиот со другите индоевропски јазици сè уште се истражува, но повеќето научници се согласни дека венетскиот делел некои сличности со италските јазици и затоа понекогаш се класифицира како италски јазик. Меѓутоа, бидејќи делел некои сличности со другите западни индоевропски гранки (особено келтските и германските јазици), некои лигвисти претпочитаат да го класифицираат како засебен индоевропски јазик. Венетскиот исто така можеби бил поврзан со илирските јазици кои биле зборувани на западен Балкан, а теоријата дека илирскиот и венетскиот биле тесно поврзани и денес е дебатирана помеѓу научниците. Примери од јазикотНатписите се пронајдени на бронзена накит во Есте, Италија. Примерите се од Јадранскиот Венетски јазик, а за останатите дијалекти на овој јазик има слабо извори. Овој дијалект е сличен со латинскиот јазик.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia