Венецијански Залив
Венецијански Залив (италијански: Golfo di Venezia, словенечки: Beneški zaliv, хрватски: Venecijanski zaljev) — залив во северниот дел на Јадранското Море помеѓу делтата на По (Пад) во северна Италија и полуостровот Истра во Хрватска. Неговата територија е управно поделена меѓу Италија, Словенија и Хрватска.[1] ГеографијаЗаливот е широк 90 км[2] Просечната длабочина на заливот изнесува 34 метри, и во него се влеваат реките Таљаменто (Тилмент), Пијава, Адиџе, Соча, Драгоња и Брента. Поважни градови на бреговите на Венецијанскиот Залив се Венеција, Трст, Копер, Кјоџа и Пула. Заливот го опфаќа и островот Албарела, кој е популарно туристичко место. ИсторијаВо стариот век, заливот бил јужен крај на Килибарниот пат. Името го добил за време на Венецијанската Република, која во врвот на својата моќ го опфаќала речиси сиот северен Јадран. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia