Венче Илиоски

Венче Јорданов Илиоски ( 1919 во Речани1945 во Стризивојна, Независна Држава Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик на борците од НОВ на Македонија во Светораче, меѓу кои е запишан и Венче, но како Илиески.

Животопис

Се занимавал со земјоделство. Како напреден младинец и определен за народноослободителното движење, во август 1944 година, тој се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите низ Охридско и Кичевско, а потоа во состав на Петнаесеттиот корпус заминал на Сремскиот фронт каде загинал при еден пробив кај местото Стризивојна во април 1945 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 62.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya