Речани (офиц. Речани - Зајаско ) — село во Општина Кичево , во околината на градот Кичево .
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Општина Зајас , Кичевско. Речани се наоѓа на Бачишка Река , на источните падини на Бистра Планина .
Историја
Според податоците за 1873 година, Речани имало 6 домаќинства во 28 жители христијани (Македонци).[ 2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Речани живееле 45 жители, сите Македонци .[ 3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Речани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[ 4]
Афанасиј Селишчев во 1929 година го опишал селото како христијанско.[ 5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Албанци .[ 6]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 75 — 1953 78 +4.0% 1961 88 +12.8% 1971 97 +10.2% 1981 102 +5.2%
Година Нас. ±% 1991 0 −100.0% 1994 87 — 2002 101 +16.1% 2021 48 −52.5%
Според пописот од 2002 година, во селото Речани имало 101 жител, од кои 100 биле Албанци , и еден друг.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 46 Македонци , 1 Турчин и 1 лице без податоци.[ 7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
45
16
75
78
88
97
102
0
87
101
48
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 8] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 9] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 825 според Државната изборна комисија , сместени во просториите на приватна деловна просторија.[ 12]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи.[ 13]
Личности
Личности родени во Речани:
Поврзано
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 92-93.
↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF) . Каламус. стр. 34.
↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019 .
Надворешни врски
Грбот на Општина Кичево Раселени Историски