Вероника Кристијансен
Вероника Кристијансен (родена на 10 јули 1990 г., во Ставангер) е норвешка ракометарка, лев бек на Ѓер Ауди ЕТО и на норвешката репрезентација.[1] ЖивотописВероника е постара сестра на Жанет Кристиансен која е исто така ракометарка и во моментов настапува за Вајперс Кристиансанд. КариераКлупска кариераВероника Кристијансен започнала да игра ракомет во екипата на Мјондален, а потоа продолжила во Реистад. Нејзината следна станица била Вајперс Кристиансанд, со која во сезоната 2009-2010 за првпат настапила во Постлигата, највисоката норвешка женска ракометна лига.[2] Во 2011 година, Кристиансен му се приклучила на норвешкиот второлигаш Гласверкет.[3] Следната сезона Кристиансен постигнала 203 гола и му помогнала на Гласверкет да избори промоција во првата лига.[4] Во сезоната 2013-2014, таа завршила со 140 погодоци заземајќи го второто место на списокот на стрелците во Постлигата.[5] Во летото 2015 година, таа потпишала договор со данскиот прволигаш Мидтјиланд.[6] Со Мидтјланд, Кристиансен го освоила Купот на Данска 2015 со победа во финалето над Виборг по продолженија со 28-26.[7] Кристиансен постигнала 7 голови во финалето и била најефикасна во својата екипа.[8] На 12 февруари 2018, Вероника потпишала за европскиот шампион Ѓер Ауди ЕТО придружувајќи им се на својте сонароднички од репрезентацијата на Норвешка Кари Олвик Гримсбо, Кари Братсет, Нора Морк и Стине Бредал Офтедал.[9] Репрезентативна кариераВероника Кристијансен првично ја претставувала Норвешка во младинските репрезентации играјќи 14 натпревари за репрезентацијата на Норвешка под 18 години и 30 натпревари за репрезентацијата под 20 години. Во 2010 година го освоила Светското првенство за играчи под 20 години.[10] Во 20 март 2013 година, таа го одиграла својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Норвешка.[11] Со Норвешка, учествувала на Светското првенство 2013, каде што постигнала шест гола во седум натпревари.[12] Во 2014 година, Кристиансен со својата репрезентација го освоила Европското првенство во Унгарија и Хрватска.[13] Една година подоцна таа го освои и Светското првенство. На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро со својата репрезентација го освоила бронзениот медал, но истата година ја освоила Европската титула по вторпат во својата кариера. Во 2017 година го освоила сребрениот медал на Светското првенство во ракомет за жени во Германија.[14] Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia