Едуарда Аморим
Едуарда Идалина Аморим Талеска (родена на 23 септември 1986 г., во Блуменау)[1] е бразилска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Ѓер Ауди ЕТО и за бразилската репрезентација.[2] Таа била избрана за Најдобра ракометарка на светот за 2014 година[3][4] од страна на ИХФ.[5] ЖивотописЕдуарда Аморим е роден на 23 септември 1986 во Блуменау, Санта Катарина, Бразил, како ќерка на Антонио и Оливија Аморим. Таа е помала сестра на Ана Аморим, која исто така била ракометарка. Од 2013 година Едуарда е во брак со Македонецот Деан Талески. КариераКлупска кариераОхрабрена од нејзината постара сестра, Аморим започнала да игра ракомет на 11-годишна возраст во Колехио Рио Бранко.[4] Во 2002 година таа се преселила во Методиста/Сао Бернардо, по покана на Силвио Родригес, која ја забележал за време на младинските натпревари во Ресифе.[4] Во првата сезона со новиот тим таа го освоила второто место во бразилското првенство.[4][6] Две години подоцна, како играч на УСКС/Сао Каетано, Аморим го освоила државното првенство на Саун Пауло и забележала огромен број на натпревари, бидејќи играла паралелно за младинската, јуниорската и сениорската екипа.[6] Во февруари 2006 таа се преселила во Европа, придружувајќи и се на нејзината сестра во македонскиот шампион Кометал Ѓорче Петров. Во три и пол сезони со Кометал, Аморим освоила три шампионски титули во македонското првенство и три купа, а дебитирала и во натпреварите од Лигата на шампионите. Сепак, откако клубот се соочил со тешки финансиски проблеми тие пуштиле некои од нивните клучни играчи да си одат, меѓу кои била и Аморим, за да ги намалат трошоците.[7] На 23 февруари 2009, Аморим потпишала за унгарскиот Ѓер Ауди ЕТО.[8] Во 2013 година, со овој клуб ја освоила својата прва титула во кариерата во Лигата на шампионите.[9] Во 2014 година, по освојувањето на уште една титула во Лигата на шампионите и на Светското првенство 2013, таа била избрана од ИХФ за Најдобра ракометарка на светот.[4] Таа станала само втората бразилка, по Александра до Насименто во 2012, која ја освоила оваа награда. Во последните години во Ѓер таа се истакнала посебно по својата одлична игра во одбраната со што била клуч на успесите на унгарската екипа во Лигата на шампионите. За нејзините добри игри во одбраната сведочи и признанието за најдобар одбранбен играч во Лигата на шампионите кое таа го добила трипати досега (во сезоните 2015-2016, 2016–2017 и 2018–2019). Вкупно до денес Аморим со Ѓер има освоени 9 титули во унагрското првенство (2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019), 9 титули во Купот на Унгарија (2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019) и 5 во Лигата на шампионите (2012-2013, 2013-2014, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019). Репрезентативна кариераАморим била дел од бразилската репрезентација на Панамерикански игри 2007 година, кои се одржале на домашна почва и на кој Бразил го освоил златниот медал. Таа исто така учествувала на Летните олимписки игри 2008 во Кина, каде бразилскиот тим завршил на деветтото место, и на Летните олимписки игри 2012, каде Бразил завршил на шестото место. Во 2013 година, таа со бразилската репрезентација го освоила Светското првенство и била избрана за МВП на турнирот.[10] Во 2016 година, таа учествувала и на Летните олимписки игри на домашен терен во Рио де Жанеиро, каде бразилките го освоиле петтото место. Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia