Виенска Котлина![]() Виенска Котлина (германски: Wiener Becken, чешки: Vídeňská pánev, словачки: Viedenská kotlina) — котлина сместена меѓу Источните Алпи и Карпатите. ГеографијаОва е прилично рамно подрачје со вретенест облик и зафаќа површина од 50 км на 200 км. На север се протега до висорамнината Моравското Поле (Мархфелд) зад Дунав. На југоисток е одделен од Малата Унгарска Низина со Литавските Планини. На запад се граничи со Гутенштајнските Алпи и Виенската Шума во состав на Северните Варовнички Алпи. Реката Дунав навлегува во котлината преку процепот Виенска Врата во планината Леополдсберг, а ја напушта преку Девинска Врата во Малите Карпати источно од Хајнбург. Од крајот на XII век почнале да се градат тврдините Нов Град во Виена и Хајнбург на југоисточниот и источниот раб како бедем против нападите на Унгарците од подолното течение на Дунав. Сепак, војската на кралот Матеја Корвин успеала да навлезе во котлината за време на Австриско-унгарската војна во 1485 г. и започнала опсада на Виена. Градот претрпел уште две опсади од Османлиите, од кои едната едната во 1529, а другата во 1683 г. Подрачја![]() Преку 80% од котлината влегува во австриските покраини Долна Австрија и Виена. Северните теченија на реките Морава и Дија се во Чешка и Словачка. Долж јужниот и западниот раб има извори на геотермална и минерална вода, а со тоа и неколку бањски места како Баден, Бад Феслау и Бад Фишау-Брун. Делови:
Борската Низина и Хвојничките Ридови збирно се нарекуваат Загорска Низина. ГеологијаГеолошките образби на Виенската Котлина се низа седиментни слоеви наталожени за време на неогенот. Котлината настанала со механизам на растргнување[1], и раседот на кој таа лежи е сеизмички активен до денес. Позначајни земјотреси во котлината се оној во Карнунт кон средината на IV век и земјотресот во Нојленгбах од 1590 г. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia