Источни Алпи
![]() ![]() Источни Алпи — источната половина на Алпите кои го заземаат подрачјето источно од замислената линија од Боденското Езеро (Констанца) и алпската долина на Рајна до превојот Шплиген во алпската делница и надолу по реката Лиро до езерото Комо на југ. Планинските врвови и превои се пониски во споредба со оние на Западните Алпи, а самиот венец е поширок и помалку засводен. ГеографијаВенецот се протега во источните делови на Швајцарија (претежно Граубинден), цел Лихтенштајн и речиси цела Австрија (од Предарлска па на исток), како и предели на крајниот југ на Германија (Горна Баварија), северозападна Италија (Ломбардија), североисточна Италија (Јужен Тирол, Венето и Фурланија-Јулиска Краина) и добар дел од северна Словенија (Горењска и Долна Штаерска). На југ венецот е ограничен од Паданската Низина во Италија; на север, долината на Дунав ги дели од Чешкиот Масив. Најисточниот изданок го образува венецот Виенска Шума, со Леополдсберг над Дунав и Виенската Котлина — преоден појас кон лакот на Карпатите. Највисока планина на Источните Алпи е Бернина (4.049 м), сместена во Бернинските Планини, дел од Западноретските Алпи во Швајцарија.[2] Таа е единствениот четириилјадник во целиот венец и го носи името на превојот Бернина, дадено во 1850 г. од нејзиниот прв освојувач, Јохан Коац. Карпите од кои се состои планината се диорити и габра, додека пак масивот во целина е сочинет од гранити (Корвач, Пали).[3] Изземајќи ги другите врвови од Бернинските Планини, следен по висина е Ортлер (3.905 м) во Јужен Тирол (Италија), а трет е Гросглокнер (3.798 м) — највисока планина во Австрија. Пределите околу Гросглокнер и соседната Пастерце се ставени под посебна заштита во 1986 г. како дел од Националниот парк Високи Таури.[4] Мошне посетувана од планинарите е планината Зулцфлу во венецот Ретикон, на австриско-швајцарската граница. На источната страна врви планинарска патека од степен T4,[5] што им овозможува на непланинарите, кој е на висина од 2.817 м. Оваа варовничка планина има шест пештери, со должина од 730 до 2.750 метри во кои се влегува од исток, на швајцарска страна.[6] Венецот Ретикон е во Централните Источни Алпи, наречен по римската провинција Реција. Највисок врв е Граушпиц (Vorder Grauspitz(e)), кој лежи на границата помеѓу Лихтенштајн и Швајцарија. Само 30 % од површината на Граубинден се смета за употребливо земјиште, а од него една петтина отпаѓа на шуми.[7] Кантонот е сосем планински и ги опфаќа висовите и долините по реките Рајна и Ин.[7] Во јужните делови на кантонот се наоѓа единствениот национален парк во земјата, наречен Швајцарскиот национален парк. Планините во северниот дел се настанати како дел од навлака, прогласена во 2008 г. за геолошка знаменитост и светско наследство на УНЕСКО под името „Арена Сардона“. Други заштитени подрачја во околината се соседниот биосферен резерват Мистаирска Долина и природниот парк Ела. Класификација![]() Северни Варовнички Алпи Централни Источни Алпи Јужни Варовнички Алпи Западни Варовнички Алпи геоморфологијаВенецот е испресечен со неколку длабоко врежани речни долини во претежен правец исток-запад, и тоа долините на Ин, Залцах, Енс, Адиџе, Драва и Мура. Според традиционалната класификација на Алпскиот клуб (AVE) во австриска и германска употреба, овие вериги се составени од десетици помали групи во состав на четири поголеми области: Швајцарскиот алпски клуб (SAC) се води по малку поинаква класификација, следејќи ја управната граница на кантонот Граубинден. Во Италија пак, распространета е поделбата од 1926 г. која во поново време е заменета со здружениот приод SOIUSA. Постојат и други разграничувања, особено за хидрографски потреби. ТектоникаАлпите четири системи на постилки:
СтопанствоВо овие краишта е мошне развиен туризмот, со нагласок на Давос/Ароза, Флимс и Санкт Мориц/Понтрезина.[8] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia