Википедија:Археоекспедиции 2019
Во текот на 2019 година се организирани три археоекспедиции, со кои се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:
Одржани експедицииПрвата експедиција беше одржана во средината на месецот април, односно на 17 јуни, при што заедно со професорот д-р Виктор Лилчиќ - Адамсен, врвен македонски археолог и 2 студенти по археологија на Филозофскиот факултет беа посетени ископините на древниот римски град Аударист, средновековниот град Девол во археолошкото наоѓалиште Градиште кај селото Дреново, Кавадаречко. Професорот Лилчиќ - Адамсен направија и теренски мерења за убикација и исцртување на границите на древниот град. Втората експедиција е извршена на 31 мај, откако Марио Шаревски со велосипед се упатил и го пронашол наоѓалиштето Давина Кула на крајната западна падина на Скопска Црна Гора над клисурата на Лепенец. Третата експедиција е извршена на 20 октомври, кога Марио Шаревски и Дарко Стојчески го посетиле наоѓалиштето Девини Кули во близината на селото Девич во областа Порече. Остварени се посети и на археолошките наоѓалишта Бадеријана и Тауресиум за сликање на нови наоди на 10 март и Марков Град на 11 октомври.
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia