Википедија:ВикиПроект ЈИЕУ 2012
![]() ![]() Проектот ЈИЕУ 2012 има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Факултетот за современи науки и технологии при Југоисточниот Европски Универзитет од Тетово, со цел работата на студентите подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат студентите. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата. Овој проект во исто време ќе се одвива и на Википедија на албански јазик, за што е формирана специјална страница за проектот, sq:Wikipedia:WikiProjekt UEJL 2012. Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектот или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите.
ЦелиРаботата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:
Пријавени членовиВо продолжение следи список на википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим: {{Корисник ЈИЕУ}}.
Список на статииСледниве статии ќе бидат предмет на обработка во рамките на проектот:
Фази на проектотПрвата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно принципите на Википедија. Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии. Третата фаза на проектот опфаќа изработка на вики-портал поврзан со темите предмет на обработка на овој проект. На 21 јуни 2012 година истекува рокот до кога може студентите да додаваат нови статии и да уредуваат постоечки а која работа ќе се земе во предвид за оценка во поглед на успешноста на студентот. Оценката ќе се прави на две нивоа: прво ниво, самите студенти со гласање за најдобра статија на проектните страници, второ ниво, жири комисија составена од претставници од Министерството за образование и наука, Универзитетот и Викимедија Македонија. Доколку условите на натпреварот бидат задоволени Министерството за образование и наука ќе додели прва, втора и трета награда за најдобрите студенти во форма на потврди. Овие потврди студентите ќе имаат право да ги искористат при конкурирање на следните конкурси за доделување на студентски стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука, како доказ за исполнување на минималните услови за учество на конкурсите. Избор на најдобра статијаПодолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:
Гласање за најдобра статијаОд 21. јуни до 26. јуни ќе се одвива гласањето за најдобра статија. Секој студент и член на вики-заедницата има право да гласа за 3 различни статии со ( #{{За}}--~~~~ #{{Против}}--~~~~ #{{Неутрален}}--~~~~
ПредлошкиСледниве предлошки ќе се користат:
Како можете да помогнете?Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници. Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде. |
Portal di Ensiklopedia Dunia