Википедија:Почетен курс (Надворешни врски)
Ако додавате информации на една статија, мора да ги вклучите Вашите извори, бидејќи недокажаните факти можат да бидат отстранети. Најдобро е да употребувате наводи во форма на фусноти, така другите уредувачи и читачи можат да ја проверат информацијата во точно определениот оддел на текст која ја додавате. Исто така, погрижете се изворите кои ги употребувате да бидат веродостојни и авторитативни. ФуснотиНајлесниот начин да создадете наводи е преку фусноти. Тие се создаваат во вики-кодот преку додавање на:
Ако Вашиот извор е мрежно место, можете да создадете надворешна врска до адресата на страната. Не употребувајте други страници на Википедија како извори! За да создадете надворешна врска до Вашиот извор, ставете ја адресата на страната (URL) во средни загради по текстот што сте го додале, како што е примерот:
Добра идеја е да дадете краток опис по адресата на надворешната страница. Овој опис ќе биде прикажан во листата на наводи како насловот на надворешната страница, бидејќи во спротивно ќе се прикаже адресата (URL) на сајтот. Наводи без фуснотиАко ставите надворешна врска во средни загради без да ставите опис, на пр. вака:
ќе се прикаже врска до број во загради, вака: [1]. Ако едноставно внесете го сиот URL до страницата која сакате да ја поврзете, ќе добиете: Вики-софтверот автоматски ќе го третира овој текст како готова веб адреса, вклучувајќи го делот „http://“. Препорачано е да не го употребувате многу овој формат, бидејќи суровите URL адреси се грди и често не навестуваат што е всушност сајтот. Ако внесете празно место по URL во средни загради, можете да одлучите кој текст ќе биде видлив, на пример:
ќе го направи видлив само текстот по празното место, а сепак врската ќе си остане, како што се гледа овде: Одбегнете ја оваа употреба: „Според [2], последната полна месечина на вториот милениум се случила на 11 декември, 1999.“ Тоа заменете го со: „Последната полна месечина на вториот милениум се случила на 11 декември, 1999.[3]“ Ако не употребувате ref ознаки за создавање на фусноти за изворот, туку директно го наведувате изворот (на пр. некоја конкретна книга) мора исто да додадете листа на Наводи или Извори или Забелешки и наводи блиску до дното на статијата. Одделот надворешни врскиМногу статии на Википедија имаат посебeн оддел со ознака Надворешни врски. Овој оддел е за поврзување со мрежни места кои даваат значајни и веродостојни дополнувачки информации за темата на статијата. Пред да додадете некое мрежно место до одделот Надворешни врски, треба да го предложите истиот на страницата Разговор за таа статија.
Испробајте го наученото во песокот Продолжете го курсот со разговорни страници→
|
Portal di Ensiklopedia Dunia