Википедија:Почетен курс (Уредување)1. Прозорец за читање и прозорец за уредувањеНа врвот од страниците се наоѓаат јазичиња. Кога е обележано јазичето „Читај“, тогаш, како што навестува името, Вие ја читате содржината на таа страница. ![]() Ако стиснете на јазичето „Уреди“, тогаш ќе Ви се појави прозорец за уредување во кој можете да ја менувате содржината на страницата. Совет: Некои страници (на пример, главната страница) се заштитени од уредување оти се често посетени или вандализирани во последно време. Тие наместо јазиче „Уреди“ имаат јазиче „Види код“ кој ја прикажува содржината на страницата, но без можност таа да се промени. ![]() Забележувате ли дека текстот којшто може да се измени содржи одредени знаци (во сликата горе, апострофите и средните загради: 2. Преглед на променитеОткако ќе ги направите промените на текстот, во долниот дел од прозорецот за уредување ги има следниве копчиња и полиња: ![]()
3. Опис на промените![]() Доста важно е да се даде краток опис на промените кои сте ги направиле за останатите уредувачи кои ги следат скорешните промени или ја гледаат историјата на промени на страницата да знаат што претставува Вашето уредување. Тоа се прави со внесување на текст во полето „Опис“. 4. Зачувување на страницатаОткако ќе бидете задоволни со промените што сте ги направиле и откако сте дале краток опис на тие промени, стиснете на копчето „Зачувај“. Што значи ова: промените ќе бидат видливи штом ќе ги прегледа надлежен корисник?Дали го забележавте текстот во слика 2 кој вели: „Вашите промени ќе бидат видливи за корисниците откако ќе ги провери овластен корисник.“? Ова значи дека промените кои сте ги направиле мора прво да бидат проверени, а потоа прикажани. Секоја новосоздадена страница од почеток е
Ако една страница има објавена и работна верзија, на читателот, по основно, му се прикажува објавената верзија, а во горниот десен агол од страницата се наоѓа ознаката Повеќе за проверката на страниците можете да прочитате на Помош:Проверка на страница. Откако промената ќе биде прегледана, таа ќе стане дел од статијата (во јазичето „Читај“) и со тоа сте направиле делотворна промена на содржината! Совет за ако Ви треба подолго време да ги направите променитеАко статијата треба подолго време да се уредува (на пример, половина час) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната ставете {{во изработка}} (со две големи загради, како што е прикажано овде) за да ги известите корисниците. Секако, не заборавајте да ја тргнете предлошката кога ќе завршите за да можат и другите да уредуваат!
Испробајте го уредувањето во песокот!
Следнo: Како се форматира содржината →
|
Portal di Ensiklopedia Dunia