Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 154.151 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Поглед на Вевчани
Поглед на Вевчани

Вевчани — село во областа Дримкол во околината на градот Струга во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина, при што претставува единствената општина во Македонија со само едно населено место.

Селото се наоѓа во западниот дел на Струшко Поле, во подножјето на источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 800 метри. Неговиот атар се издига на нејзиниот срт каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 820 до 980 метри. Од градот Струга, селото е оддалечено 13,5 километри, а од регионалниот пат Струга-Дебар околу 7 километри. Вевчани претставува седиште на истоимената општина и тоа е единствен случај во Македонија, само една населба да претставува засебна општина. Соседни села на Вевчани се: Подгорци на север, Октиси на југ, Велешта на исток и Горна Белица на југозапад.

Името на Вевчани потекнува од старословенскиот збор вес, кој значи село. Додавајќи наставка за демоним се добива името на селото — Весчани. Во 17. век е нарекувано и Вешчано, а во 20. век се користи името Вехчани, за конечно да се прифати официјалното денешно име Вевчани. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Градската порта во Понта Делгада на островот Саун Мигел, Азори, Португалија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гејша во црно кимоно и перика
Гејша во црно кимоно и перика
На денешен ден…

Денес е 29 јули 2025 г.

Настани:

1014  Во Битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј II.
1588  Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II.
1940  Почнува воздушната офанзива на Германија на Велика Британија за време на Втората светска војна.
1945  Прогласени се првите народни херои на Југославија од Македонија: Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур и Христијан Тодоровски - Карпош. По неколку дена, на 2 август, за народен херој е прогласен и Кузман Јосифовски - Питу.
1948  Во Лондон се отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна.
1993  Киргистан ја признава Република Македонија.
2002  Основана е Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) под името „Федерација на македонските фармери“.

Родени:

1883  Бенито Мусолинииталијански диктатор и фашист.
1905  Даг Хамаршелдшведски политичар.
1925  Микис Теодоракисгрчки композитор.
1927  Хари Мулиш — холандски писател.
1929  Жан Бодријар — француски социолог и филозоф.
1929  Жулињо — бразилски фудбалер.
1930  Абдулазис Ислами — македонски поет.
1949  Љупчо Силјановски — македонски поет.
1954  Игор Крутој — советски и руски композитор.
1957  Нели Ким — советска гимнастичарка.
1961  Муртезан Етхеми — поранешен член на ОНА.
1962  Карл Кокс — британски продуцент на техно-музика.
1965  Андреа Ѕорѕи — италијански одбојкар.
1979  Владимир Блажев – Панчо — македонски пејач и член на дуото DNK.
1981  Фернандо Алонсо — возач на „Формула 1“.
1982  Перо Антиќ — македонски кошаркар.
1983  Илчо Наумоски — македонски фудбалер.
1985  Золта Фодор — унгарски борач.
1985  Хавиер Чакон — шпански велосипедист.

Починале:

1099  Урбан IIримски папа.
1108  Филип Iкрал на Франција.
1644  Урбан VIII — римски папа.
1808  Селим IIIотомански султан.
1856  Роберт Шумангермански композитор и музичар од времето на романтизмот.
1857  Шарл Лисјен Бонапарт — француски кнез и [орнитолог]].
1890  Винсент ван Гогхоландски сликар.
1910  Глигор Соколов — македонски револуцинер.
1974  Ерих Кестнер — германски писател.
1974  Кас Елиот — американска поп-пејачка, членка на групата „Мамас енд папас“.
1898  Херберт Маркузе — германско-американски филозоф, социолог и политички теоретичар.
1982  Владимир Зворник — „таткото на телевизијата“.
1983  Луис Буњелфранцуско-мексикански филмски режисер.
1990  Бруно Крајски — австриски политичар.
2008  Мате Парлов — југословенски и хрватски боксер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya