Википедија:Начела за заштитувањеАдминистраторите можат да заштитат страница за го заштитат уредувањето или преместувањето на таа статија и исто така да го отстранат заштитувањето. Тоа заштитување може да биде за секогаш или на одредено време. Повеќе за тоа кога и како се заштитуваат содржини ќе најдете во начелата за заштитување.
Целосна заштита![]() Целосно заштитена страница може да биде уредувана само од администратори. Заштитата може да биде со ограничено времетраење, како на пример 7 или 14 дена, или може да биде бесконечна. Кутијата за уредување за целосно заштитена страница е засенета. Секоја модификација на целосно заштитена страница треба да биде дискутирана на нејзината разговорна страница. Кога се постигнува цензус за одредената измена, секој администратор може да ја измени дискутираната содржина. Оспорување на содржинаСтраниците кои подлегнале на уредувачко војување, привремено целосно заштитување може да ги натера корисниците да разговараат за уредувањата на разговорната страница, каде можат да постигнат консензус. Кога се заштитува статија поради спорови околу содржината, администраторите нормално ја заштитуваат моменталната верзија на статијата, освен ако содржината содржи текст каде се прекршуваат принципите на Википедија. Администраторите исто така можат да ја вратат статијата и не смеат да заштитуваат или отстрануваат заштита за да ги поддржат своите тези. ВандализамПостојано вандализирање вообичаено не се причина за целосно заштитување на статија. За вакви случаи се користи делумната заштита на статијата која е вандализирана. Делумна заштита![]() Делумна заштита на статија спречува уредување на анонимни корисници и кориснички сметки што не се автопотврдени. Администраторите можат да искористат делумна заштита на страница која подлегнала на големо вандализирање или кршење на принципите на Википедија. Додатно на тоа, администраторот може да вметне привремено делумно заштитување на страници кои се:
Делумната заштита не смее да биде користена како мерка против вандализам кој сè уште не се случил или да се искористи против анонимни или нови корисници. Кориснички странициКорисничките страници и потстраниците можат да бидат делумно заштитени, но не целосно заштитени, по барање на корисникот ако има доволно докази за вандализам или нарушување на содржината. Корисничките страници не вообичаено не се заштитени, освен во случај на постојано вандализирање. Заштита од создавање![]() Страници што не постојат можат да бидат заштитени, за одреден период, ако тие постојано се создавани после бришењето според критериумите за брзо бришење. Администраторите можат да употребат заштита на непостоечка статија со истата постапка како и за другите страници. Таква ситуација е многу чувствителна. Администраторите не смеат да ја користат оваа заштита за статии што воопшто не биле создадени, туку да биде користена само за вистински случаи. Корисниците кои сакаат да создадат ваква статија мора да се консултираат со администраторите. Заштита за преместување![]() Статија заштитена од преместување не може да биде преместена под нов наслов освен од страна на администратор. Оваа заштита се користи во случај:
Целосно заштитените статии се исто така и заштитени од преместување. Ако заштитена страна е преместена од страна на администратор, тогаш статијата со нов наслов ќе биде исто така заштитена од преместување. Во ваков случај, администраторите треба да избегнуваат фаворити за името.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia