Виктор Јушченко
Виктор Јушченко (украински: Віктор Ющенко) е украински политичар, кој беше третиот претседател на Украина, во периодот од 2005 до 2010 година. Роден е на 23 февруари 1954 година во село Хоруживка, Сумска област, Украина, СССР. Од 2002 до 2004, тој бил водач на опозициската партија Наша Украина. На таа позиција останал до април 2004 кога го победува Виктор Јанукович на редовните претседателски избори (Портокаловата револуција). Во 2010 функцијата претседател ја преземал Виктор Јанукович, извојувајќи изборна победа над неговата соперничка, Јулија Тимошенко. Пред да стане претседател, Јушченко имал изградена кариера во украинската политика. Во 1993 г. станал гувернер на Народната банка на Украина, а во периодот 1998-2001 ја извршувал премиерската функција. По напуштањето на ова работно место Јушченко преминал во опозиција, а на парламентарните избори во 2002 г. убедливо триуфирал освојувајќи 111 места (од можни 447) во украиското собрание. Успех забележал и на претседателските избори од 2004 г. кога го победил неговиот голем политички соперник и тогашен претседател на украинската влада, Виктор Јанукович.[1] Тој изборен процес бил окарактеризиран како доста контроверзен,[2] бидејќи втората изборна рунда била повторена по одлука на украинскиот Врховен суд, кој сметал дека изборите биле нерегуларни.[3] По истекот на петгодишниот претседателски мандат, тој повторно се кандидирал за истата функција, но овој пат бил елиминиран уште во првото коло. На тие избори победа остварил Виктор Јанукович, со тесна предност пред Јулија Тимошенко.[4] На последните парламентарни избори одржани во 2012 г. Јушченко ја предводел листата кандидати на партијата Наша Украина, но освоил само 1,11% од гласовите, премалку за да влезе во пратеничкиот дом.[5] Од политичките аналитичари, Виктор Јушченко е окарактеризиран како про-западно настроен политичар, негувајќи добри односи со САД и земјите членки на НАТО пактот.[6][7] Тој силно се залагал за членство на Украина во овој политички блок, за што бил жестоко критикуван од прорускиот дел од јавноста и официјална Москва.[8] За време на неговиот претседателски мандат, украинско-руските односи биле значително заладени.[9] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia