Виктор Кампенертс
Виктор Кампенертс (холандски: Victor Campenaerts; р. 28 октомври 1991) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[1] КариераВозел на Светското друмско првенство. Во септември 2015 година било објавено дека ќе се приклучи во екипата Лото НЛ-Џамбо од 2016 година.[2] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016[3] и за Џиро д’Италија 2017.[4] На 16 април 2019 година, на велодромот во Акваскалиентес, Мексико, Кампенертс го срушил часовниот рекорд, возејќи 55,089 километри, надминувајќи го рекордот на Бредли Вигинс од 54,526 километри, поставен на 7 јуни 2015 година, рекорд кој Вигинс го држел 3 години, 10 месеци и 9 дена.[5] Со ова станал четврти белгиски велосипедист кој го држел часовниот рекорд, по Оскар ван ден Ајнде (1897–98), Фердинанд Браке (1967–68) и Еди Меркс (1972–2000).[6] Кампенертс повторно се приклучил Лото-Судал со тригодишен договор во 2022 година откако поминал две години во Тим Кубека НекстХаш.[7] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia