Јеле Валајс
Јеле Валајс (холандски: Jelle Wallays; р. 11 мај 1989) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Кофидис.[1] КариераЈеле Валајс е брат и внук на велосипедистите Јенс Валајс и Лук Валајс.[2] Бил трениран од неговиот вујко на почетокот од неговата кариера и настапил на неговата прва трка на 14 години. Почетокот на неговата прва година како професионалец во 2011 година била одбележана со повреда на коленото, меѓутоа неколку недели потоа се вратил на трките и го имал својот најдобар резултат, завршувајќи трет на националното друмско првенство, зад Филип Жилбер и Џани Мерсман.[3] Како победник на Париз-Тур под 23 години во 2010 година, Валајс го освоил Париз-Тур 2014 откако заминал во бегство во воведните километри на трката долга 237,5 километри, со што бил единствен возач кој ги освоил двете изданија на трката.[4] Повторно ја освоил трката во 2019 година. Во 2015 година победил на Дварс дор Вландерен откако нападнал во група од тројца возачи на еден километар од целта.[5] Валајс се приклучил на Лото-Судал за сезоната 2016 со цел да биде дел од спринтерскиот воз на екипата.[3] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[6] Во октомври 2020 година, Валајс потпишал за екипата Кофидис за сезоната 2021.[7] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia