Вим Вендерс
Ернст Вилхем „Вим“ Вендерс (изговор на германски: [vɪm vɛndəɐs]; роден на 14 август 1945) — германски филмски режисер, драмски писател, автор, фотограф и филмски продуцент. Од 1996, Вендерс е претседател на Европската Филмска Академија во Берлин. ЖивотописВендерс е роден во Диселдорф во традиционално католичко семјество. Неговиот татко Хајнрих Вендерс бил хирург. Употребата на холандското име „Вим“ (кратенка од неговото крстено име „Вилхем/Вилем“) укажува на холандското потекло на неговата мајка, но надлежните во матичното одделение ја одбиле холандската верзија во 1945, затоа што била „негерманска“. Тој завршил средно училиште во Оберхаузен во областа Рур. Подоцна студира медицина (1963-64) и филозофија (1964-65) во Фрајбург и Диселдорф. Меѓутоа тој ги напушта студиите и се сели во Париз во октомври 1966 за да стане сликар. Виндерс не го положува приемниот тест на француската филмска школа (сега, Ла Феми), и како последица на тоа работи како резбар во студиото на американскиот уметник, Џони Фрајдлендер, во Монпарнас. Во текот на тој период Вендерс се фасцинира од филмот и гледа по пет филмови дневно во локалното кино. Вендерс се враќа во Германија во 1967 и работи во канцеларијата на во Диселдорф, решен да ја претвори својата опсесија во професија. Таа есен тој е примен на "Hochschule für Fernsehen und Film München" (Филмски и Телевизиски Универзитет Минхен). Помеѓу 1967 и 1979 додека студира на "HFF", Вендерс истовремено работи како филмски критичар за Филмкритик, а потоа за дневниот весник Süddeutsche Zeitung, списанието Twen и Der Spiegel. Вендерс завршува неколку краткометражни филмови, пред да дипломира од Hochschule со долгомтражниот 16мм црно-бел филм, Лето во Градот (Summer In The City). КариераВендерс ја започнува својата кариера за време на ерата на новиот германски филм во доцните 1960-ти, со неговиот дебитантски игран филм „Лето во градот“ (1970). Карактеристичната кинематографија во неговите филмови се должи на високо продуктивната соработка со холандскиот кинематограф Роби Милер, а некои од неговите поуспешни филмови, како на пример, „Париз, Тексас“ и „Небото над Берлин“ се резултат на плодната соработка со сценаристи Петер Хандке и Сем Шепард. Исто така, вториот филм на Вендерс претставува екранизација на романот на Хандке, „Стравот на голманот од пенал“. Хандке ги напишал и сценаријата за „Небото над Берлин“ и „До крајот на светот“, заедно со Солвеиг Домартин. Вендерс режирал неколку високорангирани документарни филмови, и тоа: „Буена Виста Соушал Клаб“ (1999), за кубанските музичари и „Душата на човекот“ (2003), за американскиот блуз. Тој има, исто така, режирано голем број на музички видеа за групите: „U2“ и „Токинг Хедс“, меѓу кои „Stay Faraway, So Close!“ и „Sax and Violins“. Најпосле, тој работел и на телевизиски реклами, меѓу кои и за канадското пиво „Карлинг“. ![]() Вендерсовата книга „Емоционални слики“ (Emotion Pictures) претставува колекција на есеи од неговиот дневник, напишана додека бил филмски судент, која е адаптирана и емитувана како низа драми на Би-Би-Си Радио 3. Ликот на Вендерс го игра Питер Капалди, а останатите улоги ги толкуваат: Џина Меки, Саскија Ривс, Денис Хупер, Хари Дин Стантон и Рики Томлинсон, а драматург е Нил Карџил. Вендерс соработува со Мелинда Камбер Портер уметница, новинарка и долгогодишна негова пријатека, на документарен филм за неговата техника на на работење „Вим Вендерс - Визии за Филм“, но Портер починала, така што филмот останал незавршен. Вендерс е член на советодавниот одбор на Светската Филмска Фондација, проект основан од Мартин Скорсезе со цел да открива и реконструира светски филмови кои биле запоставени долго време. Исто така, Вендерс е член на жири-комисијата на дигиталното студио „Филмака“ - платформа на неоткриени режисери. Во 2011 Фестивалот Бајројт (Bayreuth Festival) го назначува Вендерс да постави на сцена 2013 циклуси на Вагнеровиот „Прстен на Нибелунзите“. Тоа е доказ за неговата имагинација во оддавање чест на големите уметнички дела. Проектот го доживеа својот неуспех кога Вендерс инсистираше на снимање во 3-D, што за фамилијата Вагнер беше прескапо и подривачки. На промоцијата на неговиот 3D танцувачки филм, Пина, Вендерс изјавува на блогот на Документари Ченл во декември 2011 дека почнал да работи на нов 3D документарец за архитектура. Тој исто така тврди дека одсега ќе работи исклучиво во 3D формат. Вендерс и се восхитува на кореографката Пина Бауш од 1985, но еднинствено во изумувањето на дигиталната 3D кинематографија, тој препознава можност да го долови нејзиното дело на екран. Одбрани изложби
Вим Вендерс: Фотографии од Површината на Земјата, Музеј на Мултимедиска Уметност, Москва.
Вим Вендерс: Immagini dal pianeta terra, Scuderie del Quirinale, Рим, Италија; Патување до Ономиши-Фотографии од Вим и Доната Вендерс, Омотсано Хилс, Токио, Јапонија; Фотографии од Површинат на Земјата, фотографии од патувачка изложва, Салон во Музејот на Современа Уметност, Белград, Србија; Темни Места, куратор Џошуа Дектер, Музеј на Уметност Санта Моника, Санта Моника, Калифорнија.
Шумата: Политика, Поетика и Пракса, Музеј за Уметност Нашер на Универзитетот Дјук, Дурам, Северна Каролина; Преку Леќата, групна изложба, Галерија К.Грималдис,Балтимор, Мериленд .
Фотографии од Површината на Земјата АРоС, Музеј на уметноста во Орхус, Орхус Ц, Данска.
Фотографии од Површината на Земјата, Австралија и Јапонија, Галерија Џејмс Коан, Њујорк; Меѓу Редовите, групна изложба, Галерија Џејмс Коан, Њујорк Фотографии на Време и Место: Современи Погледи на Пејзажот, групна изложба, Уметничка Галерија Леман Колеџ, Бронкс, Њујорк; Вим Вендерс,Галерија Марабини, Болоња, Италија; Преку Леќата: Осум Фотографи, групна изложба, К.Грималдис,Балтимор, Мериленд.
Вим Вендерс, Галерија Џејмс Коан, Њујорк; Вим Вендерс, Галерија Жидин Бело, Цирих, Швајцарија.
Фотографии од Површината на Земјата, патувачка изложба:Хамбургер Бахнхоф, Берлин (2001); Музеј Гугнјам, Билбао (2002); Хонч оф Венисон, Лондон (2003); Музеј на Современа Уметност, Сиднеј(2003); Сити Арт Галери, Велингтон, Нов Зеланд; Музеј на Милениумска Уметност, Пекинг, Кина; Музеј на Уметноста Шангај, Шангај, Кина; Музеј на Уметноста Гуандонг, Гуангжу, Кина (2004).
Буена Виста Соушал Клаб, Роуз Галерија, Станица Бергамот, Санта Моника, Калифорнија.
Вим Вендерс: Пејзаж и меморија, Галерија на Современата фотографија, Санта Моника Вим Вендерс: Слики, во врска со објавувањето, Вим Вендерс: Фотографии, Минхен Гете-институт (1996), Гете институти во светот.
Вим Вендерс: Пејзаж и меморија, Галерија на Современата Фотографија, Санта Моника, Калифорнија 1993-1995 Вим Вендерс Изложба на фотографии, во врска со објавувањето, Минхен, Еднаш: Ширмер/Мозел (2001), Патувачката изложба: Палацо деле Еспозициони, Рим (1993); Вила Деле Росе, Болоња (1994); ФНАЦ, Париз (1994); Парк,Токио (1994); ФНАЦ, Берлин (1995); Вила Руфоло, Равело (1995).
Вим Вендерс Фотографии, патувачка изложба: Галерија Ф. Ц. Гундлах, Хамбург (1989); Галери Мари-Луиз Вирт, Цирих (1990); Средно Училиште за Телевизија и Филм, Минхен (1991); Галерија Фоли / Клајн, Лос Анџелес (1991) ; Шибуа Себиу Департмент Стор, Токио (1992); Кјомицу.
Храм, Кјото (1992); музејот на Елисе, Лозана (1992); Америка Куќа, Берлин (1992); Венециското биенале (1993); Музејот на модерна уметност Луизијана, Хумлабек (1993); Сала Парпало Палау Дел Скала, Валенсија (1994), Музеј Сан Телмо, Сан Себастијан (1994).
Напишано во Западот, во врска со објавувањето, Напишано во Западот, Минхен: Ширмер/Мозел (1987), патувачка изложба: Центарот Жорж Помпиду, Париз (1986); Енконтрос де Фотографија, Коимбра (1987); Палацо дела Триенале ди Милано (1988); Филмско Друштво на Мајами (1988); Гете институтот, Стокхолм (1988), Гете институтот, Копенхаген (1988); Сен Ирие-Ла-Перш (1990); Städtische Galerie Schwarzes Kloster, Фрајбург (Брајсгау) ( 1992). Наследство и почестиВендерс веќе има добиено повеќе филмски награди, како:
Покрај тоа, во 2012 година, неговиот танцувачки филм „Пина“ бил номиниран на 84. доделување на наградите „Оскар“, во категоријата за најдобар документарен филм. Најпосле, Вендерс е носител на почесен докторат на два универзитета: „Сорбона“ во Париз (1989) и Католичкиот универзитет во Лувен (2005). Филмографија
Одбранa библиографиja
Цитати
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia