Витдин
Витдин (германски: Wittdün; емраншки: Witjdün, дански: Vitdyn) — општина на островот Амрум во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. ИсторијаЗа разлика од другите села на Амрум, Витдин е релативно нова населба. Бил основан во 1890 година како приморско одморалиште веднаш до новото фериботско пристаниште, кое го поврзува островот со копното. Причината за основање на ова ново село бил стравот на многу островјани од опаѓање на нивната фризиска култура поради напливот на туристи од југ. Така, многу Амрумци мислеле дека насочувајќи го туризмот во едно село ќе ја заштити нивната локална заедница од влијанија. До 31 декември 2006 година, општината Витдин, заедсно со Небел и Нордорф функционирале во рамките на општинската заедница Амрум. ЕкономијаВитдин е приморско одморалиште, а туризмот е главен извор на приход. Во 2005 година биле забележани 374.000 ноќевања. Постои отворена плажа, базени, како и центар за таласотерапија. Исто така, младинскиот хостел на островот Амрум се наоѓа во Витдин. Во селото се наоѓа единствениот фериботски терминал за островот. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia