Утерзум
Утерзум (германски: Utersum; фериншки: Ödersem; дански: Yttersum) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Во рамките на општината влегува и селото Хедехузум. Географија![]() Селото се наоѓа помеѓу борова шума на крајниот југозапад на Фер, со поглед на соседните острови Амрум и Зилт. Тоа е најмалото приморско одморалиште на Фер. Во Утерзум постои санаториум, кој е специјализиран во болестите на белите дробови и во онкологијата и гинекологијата. Морските птици како сабјарките најчесто ловат долж низините на потокот Годел. Автобуска линија го поврзува местото со другите села на Фер и со градот Вик. ИсторијаТри зачувани долмени сведочат за населбите од бронзеното доба. Во XVII и XVIII век, китоловството било важна дејност на Фер. Пописот во 1787 година покажал дека Утерзум и Хедехузум заедно имале 294 жители, 62 од нив биле поморци.[2] Како дел од Вестерланд Фер, Утерзум припаѓал на кралската данска енклава и бил директно дел од данската круна, додека Остерланд Фер и Вик припаѓале на Војводството Шлезвиг. Данска го изгубила Шлезвиг од Прусија по Втората шлезвишка војна во 1864 година и Утерзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.[3] Утерзум, Хедехузум и блиската општина Витзум биле единствените од втората зона на Шлезвишкиот референдум кои гласале за Данска; но бидејќи не се наоѓале на самата граница, останале во Германија. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia