Зилт (општина)За други истоимени места, погледајте Зилт (појаснување).
Зилт (германски: Sylt) — општина во средишниот дел на истоимениот остров во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Опфаќа околу 60% од површината на островот и 70% од неговите жители.[2] Општината претставува административно седиште на општинската заедница Крај Зилт. ПрегледБила создадена на 1 јануари 2009 година со спојување на поранешните општини Рантум и Зилт-Ост со градот Вестерланд.[3] Дебатата по ова прашање започнала во 2003 година кога било направено слично спојување на Фемарн. Меѓутоа, локалните соперништва и желбата за самостојност го спречила потегот. По создавањето на граѓанското движење „Граѓани за Зилт како единство“ (Bürger für Sylt als Einheit), планот повторно се актуелизирал. На одвоени референдуми во 2008 година, Вестерланд (со големо мнозинство) и Зилт-Ост (со потесно) се согласиле на спојување во мај 2008 година. Потоа следел Рантум, но Лист, Кампен, Венингштет-Брадеруп и Хернум останале сами. Во септември 2008 година, спојувањето било официјализирано.[4] Иако Вестерланд го задржал статусто на град, новата општина досега не поднела барање за овој статус. Една причина е дека општинските единици не сакаат да се рекламираат како предградија на град или „градски единици“ (Stadtteile).[4] Општински единициОпштина ги опфаќа следниве општински единици:[5]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia