Вишенски манастир
Вишенски манастир „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Ιερά Μονή Παναγίας Της Βύσσιανης) — женски манастир во поранешното село Вишен кај Метох, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Манастирот се наоѓа на 10 км северно од Сер, на местото на некогашното село Вишен, по кое е наречен. Најблиско денешно село е Метох. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија манастирот бил база на андартските чети. Уништен е во Првата светска војна во 1916 г. заедно со целото село. Во 1925 г. добротворното братство „Пресвета Богородица Вишенска“ започнало да ја обновува црквата, што завршило во 1928 г. Манастирот е обновен во 1972 г. како женски. Во 1996 г. на манастирската црква ѝ е придодадена припрата.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia