Метох (Серско)
Метох или Долно Метох (грчки: Κάτω Μετόχι, Като Метохи) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2] ГеографијаСелото се состои од две мошне оддалечени маала — Долно и Горно Метох, од кои Горното денес е напуштено. Долно Метох се наоѓа во јужните пазуви на планината Шарлија. Лежи во Серското Поле, на околу 3 км северно од градот Сер. Северозападно од селото е манастирот „Пресв. Богородица Вишенска“.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Метох било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во селото (Métoh) имало 42 домаќинства сочинети од 130 жители Македонци.[4][5] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) нашишал за Метох:
На статистичката табела Верковиќ го означил Метохи како село со 42 македонски куќи.[4][7] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вп 1900 г. во Метохъ имало 192 жители Македонци христијани.[4][10] На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Метох (Metoh) имало 236 Македонци патријаршисти.[4][11] Во 1910 г. егзархискиот училиштен инспектор Константин Георгиев го опишал Метох како урнатина од срушени и опустошени куќи во вкупно 192 жители Македонци, а учител во училиштето бил П. Атанасов.[4][12] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 115 жители, а во 920 г. имало 144 лица. Ова укажува на тоа што селото веројатно настрадало во војните[2] Во 1923-1924 г. под притисок на грчката власт 102 жители се иселиле во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки од Турција. Во 1928 г. селото е претставено како етнички мешано со 122 жители,[2], од кои 90 лица (20 семејства) биле дојденци.[13] Во 1940 г. бројот на жителите се зголемил на 152.[2] Селото настрадало во Втората светска и Граѓанската војна, и поголем дел од жителите се преселиле во маалото Долно Метох,[2] кое е доста оддалечено. Ова маало е новото село, кое почнало посебно да се населува во 1930-тите и за првпат заведено како одделно село во 1940 г. со 140 жители. Населението продолжило да расте поради доселувањето на жителите од Горно Метох.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia