Владимир ЈаневскиВладимир Јаневски е роден 1969 година во Скопје. Во периодот од 1996 г. до 2002 г. студира на додипломски студии на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Во јули 2002 г. се стекнува со степен дипломиран етнолог на тема: Народната носија во Овче Поле. Во Јуни 2011 г. се стекнува со степен магистер по етнолошки науки, на тема: Етнолошки и етнокореолошки одлики на македонските традиционални народни ора - по избрани примери. Од 2011 г. е запишан на докторски студии во Институтот за фолклор Марко Цепенков – Скопје (тема: Етнокореолошка класификација на ората во Македонија)[1]. Своето професионално искуство го започнува во периодот од 1986 г. до 2001 г. како играч и пејач во професионалниот Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ од Скопје. Во периодот од 2001 г. до 2007 г. е професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ на насоката за традиционална музика и игра. Од 2007 г. до 2010 г. се вработува како асистент на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во јули 2010 г. е избран за доцент[2] на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Денес ја извршува финкцијата на продекан[3] на Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учествува на многу концерти и гостувања надвор од државата како ментор на учениците од ДМБУЦ и како пејач и играч во „Танец“. Добитник е на повеќе награди:
Членство:
Изложби:
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia