Факултет за музичка уметност - Штип
За ФакултетотСо формирањето на Факултетот за музичка уметност се даде можност за создавање на музички професионалци, кои со својата натамошна дејност културно ќе ја ревитализираат Источна Македонија, а својата професионална кариера ќе ја посветат на подигнување на општотообразовно и уметничко ниво на Р Македонија. Факултетот ги овозможува сите услови за квалитетно усовршување и обезбедување на добра подлога и стимул културно да бидеме претставени секаде низ светот. Овде, освен класичната, се изучуваат традиционалната и џез-музиката, што претставува уникатна можност во Р Македонија, но и ретка опција на високообразовните институции во поширокиот регион. Современите студиски програми, засновани врз Европскиот кредит-трансфер систем и Болоњската декларација, ги прават студентите конкурентни на глобалниот пазар на знаења. Недвосмислено, Факултетот за музичка уметност во Штип е од огромно значење за Источна Македонија, но и за целата држава, особено заради долгогодишните незадоволени културни и образовни потреби на младите и перспективни музичари од овој регион, но и на сите оние кои ја немаа можноста да студираат на привлечни оддели, какви што се оние кои ги нуди Факултетот за музичка уметност. Факултетот има благородна мисија да создава квалитетен високостручен кадар, кој ќе го подигне нивото на домашните образовни и културни институции, но и да им овозможи вработувања на своите најдобри студенти, кои досега беа принудени да се доусовршуваат, а потоа да работат надвор од струката и надвор од својата родна средина. Организација и структураФункцијата декан на Факултетот за музичка уметност ја врши проф. д-р Илчо Јованов, а продекан за настава е доц. м-р Владимир Јаневски[1].
Факултетот за вршење на својата дејност е организиран во уметнички наставно-научни организациони единици.
Уметнички наставно-научни организациони единици на Факултетот се катедрите и одделите. Катедрите на Факултетот се основни форми за организирање на наставната, научноистражувачката и апликативната работа на Факултетот, односно основни внатрешно-уметнички и наставно-научни организациони единици на Факултетот. Заради неопходното поврзување на научните области, насочување и усогласување на наставно-образовната и со неа поврзаната научноистражувачка дејност на катедрите, како и заради развивање на научните дисциплини и струки од тие области на Факултетот се формираат оддели. Музичко-теориски и педагошки одделМузичко-теоретскиот педагошки оддел е поврзан со следниве катедри:
Оддел за џез студииОдделот за џез студии е поврзан со следниве катедри:
Вокално-инструментален одделВокално-инструменталниот оддел е поврзан со следниве катедри:
Во рамките на вториот циклус студии се акредитирани студиските програми на следниве оддели:
Академските студии се структуирани во три циклуси, според моделот 4+1+3, со можност за стекнување на соодветни академски титули. Прв циклус на студииВо првиот циклус на студии на Факултетот за музичка уметност се изучуваат следниве студиски програми[3]:
Основните академски студии се во траење од 4 години (8 семестри), во вредност од 240 КТС и со можност за добивање на следниве титули, наведени со нивните меѓународни еквиваленти:
Оценувањето се врши според принципот од Болоњската декларација, каде соодносот на предиспитните и испитните обврски на секој студент треба да е во размер 70:30. Во предиспитните обврски се оценуваат повеќе аспекти од исполнителноста на студентот – неговата редовност и ангажираност во наставата, успешноста во извршувањето на зададените семинарски задачи, апсолвирање на делови од материјалот, преку полагање на колоквиуми, остварени теренски истражувања, партиципирање на натпревари, јавни настапи, концертни претставувања и сл. Втор и трет циклус на студииВо вториот циклус на студии на Факултетот за музичка уметност се изучуваат следниве студиски програми[4]:
На вториот циклус на студии со траење од 1 година (2 семестра), во вредност од 60 КТС, студентите имаат можност да се здобијат со следниве титули:
Научноистражувачка дејностПрашањата кои се поврзани со уметничко-творечката и научноистражувачката дејност на академскиот кадар се клучни за спроведувањето на магистерските програми (впрочем, како и на сите три академски циклуси) на ниво кое гарантира квалитет и одржливост во еден модерен и глобално поврзан свет. Факултетот за музичка уметност и Универзитетот се мошне активни на полето на јавни сценски изведби на ансамбли составени од студенти и наставници во Штип (Универзитетот поседува современи техничко опремени концертни простории и универзитетски клуб, но и соработува со градот и со Меѓународниот штипски џез фестивал), пошироко во Републиката и на меѓународната сцена. Наставните области, истражувачките и сите други активности на Факултетот за музичка уметност им припаѓаат на една од следниве категории:
Факултетот организира семинари, конференции и клиничка настава (предавања на истакнати стручњаци од практиката) од областите кои им припаѓаат на овие две категории. Лабораторија на музичарот е подиумот. Наставниците и студентите постојано настапуваат на сцените во Македонија, но и на интернационалната сцена. Својата креативна работа често ја бележат во форма на ЦД изданија. Исто така, тесно соработуваат со Универзитетското радио „УГД ФМ“ при продукција на применета музика за реклами, џинглови и слично. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia