Владимир Јанковски![]() Владимир Јанковски — македонски писател. ЖивотописЈанковски работел како уредник во издавачката куќа „Темплум“, а потоа преминал во издавачката куќа „Магор“. ТворештвоЈанковски влегол прилично дозна на македонската книжевна сцена, и тоа како прозаист и како критичар, истражувач, преведувач, промотор и организатор на книжевни манифестации. Неговото прво дело, романот „Вечно сегашно време“ влегол во најтесниот избор за наградата на роман на годината на „Утрински весник“. Во 2015 година, Јанковски ја објавил својата втора книга „Невидливи љубови“, во издание на „Антолог“. Овој роман бил избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика“.[1] Покрај тоа, Јанковски е автор на книгата разговори со Влада Урошевиќ и книгата со фотоесеи, потпишана заедно со фотографот Иван Блажев.[2] Третиот негов роман има наслов „Скриени желби, немирни патувања“, за кој ја доби наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“ во 2021, а во 2024 го издаде својот роман „Ехото на акробатите“ за кој ја доби наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман. Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia