Ехото на акробатите

Ехото на акробатите
АвторВладимир Јанковски
Изработувач на
корицата
Pointer Creative Agency
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрроман
ИздавачАрс Ламина
Издадена
2024
Медиумпечатено издание
Страници189, 20 см
ISBN978-608-280-059-2

„Ехото на акробатите“ е роман на Владимир Јанковски кој доби награда на „Пегаз“ за 2024, што по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од парична награда, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Жири-комисијата беше составена од проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“) [1]

Содржина

Книгата во основата е семеен роман, кој како во филм ја следи приказната на едно семејство од 60-тите години до денешницава. Во основа, „Ехото на акробатите“ е роман во кој се опишани животните ситуации на едно семејство составено од пет члена. Иако основната рамка на романот може да се окарактеризира како „семеен роман“, тоа многу повеќе е роман за пет луѓе и за тоа како тие се справуваат со сопствениот живот. Какви акробации изведуваат за да се доближат до она што нив им е важно. „Ехото на акробатите“ почна со една слика на автомобил што влегува во тунел на автопат и никогаш не излегува од тој тунел. Она што ме водеше при создавањето на романот беше како оваа слика (појавена како филмска сцена) понатаму се разгранува и развива кон луѓето кои се поврзани со една од личностите која седи во тој автомобил што никогаш не излегува од тој тунел. [2] „Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овој пат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлени по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недобројни значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови“ -истакнува Оливера Ќорвезировска, уредничката на овој роман.[3]

За делото

„Романот ’Ехото на акробатите‘ од Владимир Јанковски, загатлив во поинтилистичкото и драмско заплетување на дејството, е вешто развиен во семејна сага во  којашто заемно се огледуваат две епохи: денешницата како ехо на онаа што заврши со распадот на СФРЈ. На читателот постепено, дури отпосле му се открива оваа широка општествена слика, во која е воведуван и воден небаре ѕирка низ ниските сутеренски прозорци или низ оптиката на клучалката или оптиката на камерата за надзор. Вешто водената нарација која постојано го држи будно вниманието на читателот и  постепено ја открива семејната фреска на приказната во која централното место му е доделено на таткото на фамилијата, загатнува напати, небаре патем, и многу значајни аспекти на пулсот на секојдневието. На изразното рамниште исписот го одликува лапидарен или кристално избрусен раскажувачки стил, та сета нарација е раскошна изведба на наративниот минимализам“, истакна проф. д-р Наташа Аврамовска од името на жирито. Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое секој ќе си ја препознае својата приказна. Книжевно дело кое останува како ехо, во секој што ќе го прочита...-ова е ехото кое се слуша за романот по неговото прочитување.



Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya