Роман на годината (Македонија)Роман на годината е годишна литературна награда што ја доделувал весникот „Утрински весник“, а потоа и фондацијата „Славко Јаневски“ за роман објавен во Македонија. За наградата одлучува петчлена жири-комисија, која е составена од минатогодишниот лауреат, претставници на фондацијата и други. Често помеѓу членовите на жири-комисијата се вбројуваат и автори кои не се романописци или книжевни критичари. По згаснувањето на весникот во 2017 година, конкурсот го распишува и наградата почнува да ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, формирана во ноември 2017 г. од страна на новинари и уредници во некогашниот „Утрински весник“. Добитници на наградата (Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“)
Добитници на наградата (Роман на годината на „Утрински весник“)
КонтроверзиВо последните години некои од книжевните критичари забележуваат недоречености околу критериумите за доделувањето на наградата „Роман на годината“.[7] Овде особено паѓа во очи критериумот за должината на романот како прозна форма. Во меѓународни рамки, романот е определен како прозно дело составено од најмалку 40 000 зборови.[8] Некои светски асоцијации и критичари ја ставаат долната граница на романот на 50.000,[9] 60.000 зборови и повеќе.[10] Сепак, некои од романите, како на пример, романите „Единаесет жени“, „Телото во кое треба да се живее“, Собирачи на пепел“ од младите автори Снежана Младеновска-Анѓелков, Петар Андоновски и Давор Стојановски наградени со ова признание, според својот обем спаѓаат во рамките на жанрот новела (помалку од 40.000 зборови)[11] определен согласно меѓународните стандарди за овие прозни форми.[12][13][14] Постојат и бројни забелешки од книжевните критичари околу критериумите за доделувањето на наградата во поново време, особено со оглед на фактот дека неколку години по ред книгите-добитници на наградата беа во издание на издавачката куќа „Или-или“, дела од релативно понови авторски, дури и дебитантски имиња, како на пример романот „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска-Анѓелков. Со оглед дека праксата наложува претседател на жири-комисијата да е лауреатот од претходната година, во книжевните кругови постојат сомнежи за можно циркуларно доделување на оваа награда[15]. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia