Владимир КартовВладимир Картов (1935, Смоквица, Гевгелиско - Скопје, 23 април 1989) — македонски историчар, правник и професор.[1] Основно образование завршил во своето родно место. Во учебната 1952/53 година завршил учителска школа во Скопје. 1954 година се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје на групата историја-географија и во 1956 година дипломирал. Во 1958 година, Картов студирал како вонреден студент на Филозофскиот факултет во Скопје на групата историја, каде што во февруари 1960 година дипломирал. Потоа се запишал на Правниот факултет во Скопје и во април 1964 година, исто така како вонреден студент, дипломирал. Во меѓувреме се запишал на последипломски студии на Факултетот за политички науки во Белград на групата политичка историја на XIX и XX век. Во 1971 година ја одбранил магистерската теза под наслов: „Борбата на македонскиот народ за остварување правото на самоопределување во периодот меѓу двете светски војни“ и се стекнал со звањето магистер по политички науки - насока современа политичка историја. Во октомври 1974 година ја одбранил докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје под наслов: „Културно-просветната политика на владејачките режими во Југославија спрема македонскиот народ во периодот меѓу двете светски војни“ со што стана доктор по историски науки. Во 1975 годна, Владимир Картов е избран во звањето доцент на Правниот факултет во Скопје по предметот историја на државата и правото на народите на Југославија, а потоа-за вонреден и редовен професор на Факултетот. ТворештвоКартов е автор на голем број научни и стручни трудови, од кои позначајни се следните:
За монографијата на истакнатиот македонски револуционер и близок соработник на Ѓорче Петров, односно Сава Михајлов, во 1977 година, Картов ја добил Златната плакета при Ноемвриската награда на Општина Гевгелија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia