ВладиславовоЗа други истоимени места, погледајте Владиславово (појаснување).
Владиславово (полски: Władysławowo, кашупски/поморски: Wiôlgô Wies, германски: Großendorf) — град во Кашубија (во областа Померелија) на јужниот брег на Балтичкото Море, северна Полска. Во 2017 г. населението броело 10.009 жители[1]. Наречен е во чест на кралот Владислав IV Ваза (вл. 1632 - 1648) — основоположник на воената морнарица на Полска. ПрегледГрадот е седиште на истоимената општина во Пучки Округ на Поморското Војводство и претставува важен пристаништен град и мошне посетувано летувалиште. Во состав на градот се и делниците Цетњево и Почерњино, кои порано биле самостојни села. Недалеку од Владиславово, во состав на неговата општина, се наоѓа селото Јастшембја Гура, што претставува најсеверното место во Полска. ИсторијаМестото е населено во XII век како рибарска населба. Во 1634 г. кога инженерот Фридерик Геткант ја проектирал тврдината Владиславово сместена на Хелскиот Провлак, неколку километри источно од денешниот град. Население низ историјата
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia