Општини во Полска![]() Општината во Полска, наречена гмина (полски: gmina, мн. gminy) е третостепена и основна управна единица на државата. Во 2010 г. Полска имала вкупно 2.478 општини.[1] Поимот гмина доаѓа од германскиот збор „гемајнде“ (Gemeinde), со значење „општина“ или „заедница“[2]. Оваа единица е воведена во 1974 г. како замена за дотогашната помала единица „громада“ (gromada). Постојат три вида општини:
Некои селски општини го имаат седиштето во град или гратче кое не се наоѓа на нивната територија. На пр. селската општина Агустув е со седиште во градот Аугустув, иако градот е градска општина сама по себе и со тоа не е дел од неа. Законодавното и управно тело на секоја општина е општинскиот совет (rada gminy) или градскиот совет: (rada miasta) кај градовите. Извршната власт е во рацете на избран општински началник, наречен „вујт“ (wójt) кај селските, градоначалник (burmistrz) кај градските и градско-селските општини, или претседател (prezydent) во градовите со преку 400.000 жители. Една општина може да има помошни единици (jednostki pomocnicze) како потчинети управни единици. Во селските подрачја, тоа е началништвото (sołectwo), а во градските тоа е делницата (dzielnica) или населбата (osiedle); кај градско-селските општини, самиот град може да биде прогласено за помошна единица. Видови задачи и целиСекоја општина има два вида надлежности: сопствени и поверени. Ова се работи на самоуправата во служба на граѓаните. Тие можат да бидат:
Сопствени задачиПоважните сопствени задачи се работи како урбанизмот и просторното планирање, заштитата на животната средина, водостопанството, грижата за селските патишта, улиците, мостовите, плоштадите и сообраќајните помагала, канализацијата, комуналната хигиена, одржувањето на чистотата и редот, управувањето со отпадот, снабдувањето со струја и гас, јавниот превоз, здравството, социјалата помош, старечките домови, социјалните станови, образованието, културата, историските споменици и нивната заштита, рекреативните и туристичките места, пазариштата, јавното зеленило и парковите, гробиштата, полицијата, противпожарната служба и граѓанската заштита, како и застапување и промовирање на самоуправни иницијативи за соработка меѓу јавноста, општината и невладиниот сектор, односи со други заедници во странство итн. Поверени задачиПоверените задачи ги подразбираат останатите јавни работи кои произлегуваат од потребите на државата, предвидени да се спроведат на месно ниво. Ваквите задачи се поверуваат согласно подзаконски акти, повелби и уредби донесени од владата, или пак со спогодба помеѓу самоуправната единица и централната власт. Вкупен број на општини по видови
Скратеници за војводствата: Најголеми и најмали општини
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia