Внатрешно памтење![]() Кај сметачите, податоците се претставуваат во бинарен облик, односно со цифрите на бинарниот систем 0 и 1 што се нарекуваат битови (ознака b, англ. bit). За полесна работа со податоците се користат групи од битови. Група од 8 бита се нарекува бајт и се означува со B, англ. Byte). Групи од 2, 4 или 8 бајти образуваат збор. Големината на памтењето што ја зафаќаат податоците се изразува во бајти или во поголеми единици од бајтот, а тие се: килобајт (1КВ=1024В), мегабајт (1МВ=1024КВ), гигабајт (1GB=1024MB), терабајт (ТВ=1024GB). Внатрешното памтење или внатрешна меморија (од англ. memory) е главното, работно или оперативно памтење и се состои од места на складирање од кои секое има своја единствена адреса. Внатрешното памтење се состои од:
Постојат два вида ППП-памтење: динамичко ППП или ДППП (англ. Dynamic RAM, DRAM) и статично ППП или СППП (англ. Static RAM, SRAM). Статичката RAM е многу помала од динамичката и затоа кога се зборува за RAM се мисли на динамичката RAM. Статичното памтење се нарекува и кеш-памтење (англ. CACHE memory), а се користи за привремено сместување на помали количини податоци заради побрз пристап до нив.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia