Географски информациски систем![]() Географски информациски систем (ГИС) е систем за управување со просторните податоци и одликите што им соодветствуваат. Во најстрога смисла тоа е компјутерски систем што е способен за интегрирање, складирање, уредување, анализа и прикажување на географски информации. Во поширока смисла ГИС е орудие на „паметна карта“ што им остава можност на корисниците да поставуваат интерактивни прашања (истражувања што ги создава корисникот), да ги анализираат просторните информации и да ги уредуваат податоците. Технологијата на географскиот информациски систем може да се користи за научни истражувања, управување со ресурсите, управување со имоти, планирање на развојот, просторно планирање, картографија и планирање на инфраструктурата. ГИС често се користи и за потребите на маркетиншките истражувања, геологијата, градежништвото, но и во сите области што користат податоци кои се поврзани со карти. Компоненти на ГИС и основни поимиГИС се состои од четири интерактивни компоненти:
ГИС програми
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia