Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“
Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир во југоисточниот дел на Македонија, на падините на планината Смрдеш, во близина на селото Воиславци. ИсторијаОд споменикот во дворот на манастирот се забележува дека во 1928 година биле откриени остатоци од стара црква. Денешниот манастир бил основан со изградбата на манастирската црква којашто започнала во 1968 година, а била осветена во 1980 година.[1] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак, трпезарии, споменик и помошни објекти. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара)Градбата на црквата има мали димензии и е со правоаголна основа, а влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена мала отворена припрата. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова)Градбата на црквата е со правоаголна основа, полукружна апсида на источната страна и отворена припрата доградена на западната страна. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia