Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (нова)
Успение на Пресвета Богородица — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“. ИсторијаКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1968 година од страна на Митрополитот Злетовско-струмички г. Наум. Црквата била осветенаво 1980 година од страна на Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд.[1] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена припрата, а над него има ниша со фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Црквата има и споредни влезови на јужната и северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Внатрешноста на храмот не е живописана, а иконите биле изработени од зографот Дончо од Секирник во 1975 година.[1] Непосредно до североисточниот агол од црквата се издига камбанаријата којашто над постаментот е отворена од сите страни. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia