Според пописот од 2002 година, селото имало население од 796 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
Дел од селото
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар делумно се издига на источната страна на планината Смрдеш.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 7 километри, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено 1,3 километри.[4]
Сместено е под пазувите на планината Смрдеш. Преовладува наизменично средоземна клима, која е погодна за одгледување на разни земјоделски производи.
До селото води асфалтен пат.
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 10,3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 529,9 хектари, на шумите отпаѓаат 424,9 хектари, а на пасиштата само 46 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работат продавница и угостителски објекти.[4]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]
Староседелци:Димчовци, Јовановци и Ристовци (8 к.), Шукријовци, Спасовци, Јовановци, Илијевци и Николовци (18 к.), Грујовци и Стефановци (6 к.), Ќајци, Атанасовци, Мијаловци и Милевци (8 к.) и Чекрци, Андоновци и Трајковци (5 к.).
Доселеници:Аневци и Албанци (4 к.) и Темелковци (6 к.), доселени се од некое околно село; Карабашеви (5 к.) и Димитријевци (4 к.), доселени се од селото Сулдурци.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Воиславци, се наоѓале и селата Бучим, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Воиславци, во која влегувале селата Воиславци и Сулдурци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1594 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.